Симокс врши увоз, извоз, продажба и дистрибуција на козметички производи и акцесоари за хотели и други објекти со слична намена. Со професионалниот однос и грижа, нашата цел е сатисфакција на клиентите со нашите производи како и задоволството на нивните гости.

Симокс е Ексклузивен дистрибутер за реномираната компанија Moskov&Son – Hotel Аmеnities & Cosmetics (25 years) во Р. Македонијa, Косово и Албанија.

Симокс е партнер на GROUPE GM, за териториите на Македонија и Косово. GROUPE GM е најголемиот снабдувач на хотели во Европа, кој ги има правата за производство и дистрибуција до хотели на над 35 светски познати брендови. Целиот спектар на брендирани производи би можеле да го погледнете на веб-сајтот на Groupe GM на www.groupegm.com

Симокс е дистрибутер на Aliseo GMBH за Македонија и Косово. Aliseo Germany е позната по иновативниот производ и внимание на деталите. Портфолио на компанијата содржи повеќе од 500 производи и истите се инсталирани во хотели на 6 континенти.

Знаеме и веруваме дека секој КЛИЕНТ заслужува посебен третман. Затоа нашиот комерцијален тим организира прелиминарни состаноци на кои ги разјаснуваат специфичните желби на клиентот. Подготвуваме неколку предлози кои вклучуваат визуелни дизајни и избор на содржина и мирис. Нашата цел е развиените производи да се вклопат со стилот на хотелот и да им дадат пријатни чувства на гостите. Нашиот успех е роден од нашата страст за нашата работа и тимот кој работи како блиско поврзано семејство. Ние создаваме мали предмети за да им дадете на своите гости големи емоции. Ова е кој сме.

 

Симокс Дооел,

 

EnglishMacedonianAlbanianBulgarianGreek